Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ на средба со коалицијата ВЛЕН. Се презентираше Платформата на Комората за локален развој

СКСЗМ на средба со коалицијата ВЛЕН. Се презентираше Платформата на Комората за локален развој

СКСЗМ на средба со коалицијата ВЛЕН. Се презентираше Платформата на Комората за локален развој

14 октомври 2025, Скопје – Во рамките на средби со политичките субјекти во текот на изборната кампања, Стопанската комора на Северо-западна Македонија оствари средба со претставниците на коалицијата ВЛЕН, во просториите на хотел „Актор“.

Средбата ја отвори В.Д. претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, кој им се заблагодари на претставниците на коалицијата за учеството и ја истакна важноста на меѓусебната соработка помеѓу приватниот сектор и локалната власт, со цел подобрување на условите за водење бизнис.

Исто така, г. Алиу во своето обраќање го нагласи итниот приоритет за интервенција во инфраструктурата на Економската зона Визбегово и нејзиното третирање како развоен приоритет.

На средбата присуствуваа и раководството на Комората, извршниот директор г. Зекири, како и членови на Управниот и Надзорниот Одбор на Комората.

Извршниот директор г. Дурим Зекири ја презентираше Платформата за локален економски развој – документ кој содржи над 70 приоритетни мерки врз основа на кои треба да се спроведат суштински реформи во клучни сектори за поттикнување на локалниот економски развој.

Од нивна страна, претставниците на коалицијата ВЛЕН истакнаа дека многу од точките од Платформата на СКСЗМ се заеднички и со општата програма на коалицијата, но и со развојните програми на поединечните општини кои тие ги претставуваат.

Членовите на СКСЗМ ги изложија и некои од проблемите со кои се соочуваат во своите општини, меѓу кои: итната потреба од овозможување приклучување на автопатот кај зоната Сарај, дигитализација на услугите и зголемување на ефикасноста на општинската администрација, измена на Законот за јавни претпријатија – со цел покрај јавно-приватниот концепт да се дозволи конкуренција помеѓу јавните и приватните претпријатија во обезбедувањето на услуги. Исто така, една од долгогодишните барања на СКСЗМ беше повторно потенцирана и во овој изборен процес – регионалната единица на Управата за јавни приходи во Штип да се префрли во Куманово.

Во текот на дискусијата, г. Изет Меџити потенцираше дека останатите точки од платформата на СКСЗМ се во целосна согласност со визијата за децентрализација и се во функција на рамномерен економски развој низ целата земја, додавајќи дека зоната Визбегово и патот Скопје–Блаце ќе се третираат со висок приоритет.

Исто така, г. Билал Касами истакна дека Општина Тетово веќе се наоѓа во напредна фаза на спроведување на проект за дигитализација, кој ќе овозможи автоматизација на многу општински услуги, особено во областа на урбанистичкото планирање.

На крајот од средбата, В.Д. претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, и лидерите на партиите од коалицијата ВЛЕН дадоа изјави за медиумите, при што ги изложија заклучоците од средбата и ја нагласија важноста на континуираниот дијалог помеѓу приватниот сектор и политичките претставници, како основа за економски и општествен развој.