Потпретседателот на СКСЗМ, г-дин Јетон Асани, воедно и основач на компанијата Gigabel, учествуваше како говорник на настанот организиран од Приштина REA, „BALKONNECT FESTIVAL 2025“, што се одржа во Приштина.
Тој беше дел од тематската сесија “Дигитални иновации – SaaS, вештачка интелигенција и технологии во развој”, каде што го сподели своето знаење и искуство за тоа како технологијата може да ги зајакне бизнисите и да ги забрза процесите на дигитална трансформација, управувањето со податоци и безбедноста, влијанието на технологиите во развој врз локалниот и меѓународниот пазар, вештачката интелигенција и предизвиците што ги претставува.
Други говорници на панелот беа и претставници на приватниот сектор на компании од Косово и пошироко.
BALKONNECT FESTIVAL 2025 има за цел да ги собере клучните индустрии на Западен Балкан за да промовира и да привлече специјализирани меѓу-секторски инвестиции и финансирање, како и да ги поврзе глобално.