16.10.2025 – Се одржа VI седница на Управниот Одбор на СКСЗМ, со која раководеше В.Д. Претседателот, г. Нухи Алиу. На седницата присуствуваа и Почесниот претседател, г. Џемаил Даути и Извршниот директор, г. Дурим Зекири.
Како продолжение на сите средби реализирани во рамки на локалните избори, за време на кои СКСЗМ ја презентираше Платформата за локален економски развој пред политичките партии и кандидатите за градоначалници, членовите на Управниот Одбор на седницата дискутираа за заклучоците што произлегоа од сите овие средби.
За време на дискусијата беше оценета важноста на тесната соработка меѓу локалната власт и бизнис заедницата, како и потребата приоритетите вклучени во платформата да се одразат во идните општински програми. Членовите на Управниот Одбор истакнаа дека спроведувањето на политики кои го поттикнуваат локалниот економски развој директно ќе придонесе за подобрување на бизнис-климата и зголемување на локалните инвестиции.
Главен фокус на седницата беше традиционалниот настан TOP 100™, еден од најзначајните економски настани кој ги промовира и вреднува најуспешните компании во земјата, истакнувајќи го нивниот придонес во економскиот развој. Настанот ќе се одржи на 19 ноември, каде ќе биде промовиран и каталогот TOP 100™, во кој според соодветните категории се прикажани и TOP 100 најуспешни компании за изминатата година.
Исто така, беа дискутирани активностите што ќе се реализираат во рамки на 20-годишнината на СКСЗМ, значаен јубилеј кој ќе го одрази историскиот развој, постигнувањата и улогата на Комората во поддршката на бизнис заедницата низ годините.
Членовите на Управниот Одбор ја истакнаа важноста на оваа јубилејна година за зајакнување на соработката со институциите и понатамошно унапредување на мисијата на СКСЗМ во насока на одржлив економски развој на регионот.