На 08.10.2025 – Координаторот на Град Куманово, воедно и претседател на Собранието на Стопанската комора на северо-западна Македонија, г. Назми Ејупи, организираше средба помеѓу локалните бизниси и кандидатите за градоначалници на општините Липково и Куманово од редовите на коалицијата НАИ.
Исто така, на 09.10.2025 се одржа и средбата со кандидатите за градоначалници на општините Липково и Куманово од редовите на коалицијата „ВЛЕН“.
На средбата се дискутираше за потребите, предизвиците и приоритетите на бизнис-заедницата во овие две општини. Беше претставена Платформата за локален економски развој, подготвена од СКСЗМ, која ги содржи конкретните барања на приватниот сектор за создавање на постабилна и поповолна деловна клима за економски развој во двете општини.
СКСЗМ останува посветена на градењето мостови на соработка во интерес на приватниот сектор, со цел заштита на интересите на бизнисите и придонес кон одржлив економски развој.