Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ присутна на одбележувањето на VIII годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“, Скопје

СКСЗМ присутна на одбележувањето на VIII годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“, Скопје

СКСЗМ присутна на одбележувањето на VIII годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“, Скопје

Раководство на СКСЗМ учествуваше на церемонијата по повод одбележувањето на 8-годишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“. На овој значаен настан присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, владата, универзитетскиот кадар и бизнис заедницата.

Ректорот на УМТ, г. Зеќири, меѓу другото, истакна дека ја цени континуираната поддршка од страна на бизнисите, посебно нагласувајќи го придонесот на членките на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија за подигнувањето и модернизација на универзитетските простории.

Раководство на СКСЗМ упатува најискрени честитки до Универзитетот „Мајка Тереза“ за извонредните постигнувања во изминатите 8 години и посакува уште поголеми успеси во понатамошниот академски и институционален развој, со надеж дека целиот даден придонес ќе се врати како инвестиција во општеството во годините што следат.