VI-то Собрание на СКСЗМ

08 Октомври 2016 – Денес Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го одржа своето шесто Собрание. Во ова работно Собрание освен оперативните прашања кои беа на дневен ред, како најважно ја истакнуваме Стратегијата за 2016-2019, Статутните промени и проширувањето на Управниот Одбор.

Претседателот на Комората, Неби Хоџа ги поздрави присутните и изрази благодарност до сите членови кои се над 10 години со Комората. Претседателот на Собранието, Касам Зендели ја истакна посветеноста на Комората како бизнис заедницата и големата одговорност што Комората ја има, како и овластувањето, способноста и добрата волја да се направат значајни промени кон подобрување на бизнис климата во земјата.

По усвојување на Годишниот извештај и Стратегија 2016-2019, со последните измени на Статутот, беше одлучено Управниот Одбор да се зголеми со 3 нови членови од Групацијата на бизнис жени. На овој состанок, исто така беше избран за Почесен претседател, г. Џемаил Даути.

Идејата за ребрендирањето на Комората се иницира веке неколку пати, но не во форма на концепт за кој треба да се преземе било каква одлука. На ова Собрание, беа дискутирани предностите и недостатоците на ребрендирањето. Собранието како највисок орган на Комората, донесе одлука дека во оваа фаза ребрендирањето не е оправдано. Исто така се дискутираше и за случајот на компаниите погодени од поплавите во Сингелиќ и континуираните напори на Комората за постигнување разумно ниво на надомест на настанатата штета.

Comments are closed.