V-то Собрание на СКСЗМ
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на 27 Февруари 2014 го одржа V-тиот состанок на Собранието.
По поздравниот говор на претседателот на СКСЗМ, г-дин. Мендерес Кучи, извршниот директор г-дин Арбен Хаљиљи го презантираше Годишниот извештај на активностите од минатата година како и предлог оперативниот план на Комората за 2014 година.
Во текот на овој состанок се дискутираше за неколку статутни промени, вклучувајќи го и формирањето на различни групации од заеднички интерес во рамките на СКСЗМ, вклучувајќи ги тука:
– Групација за земјоделство и рурален развој;
– Групација на производители на брашно;
– Групација преработувачи на дрво и мебел;
– Групација на градежништвото;
– Групација на Туризам и угостителство;
– Групација на жените претприемачки;
– Групација на медиумите;
– Групација на млечни и месни производители;
– Групацина на информатички технологии;
– Групација на преработувачи на метал;
– Групација за финансиски, правни и консултанти услуги;
– Групација за животна средина и просторно планирање;
– Групација на дистрибутери за голема потрошувачка и
– Групација за продажба на мало.
Средбата на Собранието се одржа во просториите на Стопанската Kомора на Северо – Западна Македонија, и со едногласна одлука на членовите на Собранието, беше одобрен овој предлог, кој беше даден на I-иот состанок на Управниот Одбор одржан на 10 Февруари 2014 година.
Comments are closed.