Во рамки на традицијата, компанијата победник на 16-тото издание на настанот TOP 100™, „Даути Комерц“, во просториите на компанијата-членка Хотел „Меркури“ во Тетово организираше вечера, која послужи како момент за рефлексија на постигнатите резултати, како и за зајакнување на взаемните врски и соработката.
На оваа пријателска вечер, претставниците на бизнис-заедницата имаа можност да разменат искуства, идеи и визии за понатамошно јакнење на партнерството меѓу приватниот сектор и Стопанската комора.
СКСЗМ и посакува на компанијата „Даути Комерц“ уште поголеми успеси во нејзината деловна активност, уверена дека досегашните постигнувања ќе претставуваат цврста основа за континуиран раст, иновации и одржлив придонес кон економскиот развој на земјата.






