0-02-05-f4a54bd74764a1650f76cf146c4015ce989cb42d2e0873e6639878565d641d30_f72d5bbbb8adba24

Миранда Ајдини

Оперативен Менаџер
  • EMAIL ADDRESS: miranda.ajdini@oemvp.org

Миранда Ајдини – магистер по граѓанско право на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што ги завршила и додипломските студии. На нејзиниот ангажман во СКСЗМ и претходи професионално искуство како правник во адвокатски канцеларии и во Основниот суд Гостивар. Од мај 2019 година е ангажирана во СКСЗМ како Правник и соработник за проекти, обезбедувајќи правни услуги за заштита на интересите на комората и нејзините членови, обезбедување информации за законските регулативи од областа на бизнисот и советување за правни работи поврзани со деловно работење, одговорна за правниот информатор Јурис и Јурис Аларм и одговорна за услугата Сертификати за потекло. Од Мај 2023 година е унапредена во Оперативен менаџер каде покрај горенаведените задачи е одговорна за оперативните аспекти и управувањето со проектите на комората.