0-02-05-4e52f71fa952a22ba81f9cba1203317c7bc82eb5926b9ceed2a08a3ed14898e0_402a780741d1875d

Дурим Зекири

Извршен директор
  • EMAIL ADDRESS: executive@oemvp.org

Дурим Зекири – Дипломиран на Факултетот за Јавна Администрација и Политички науки, Универзитет на Југоисточна Европа. Доаѓа со еден багаж на професионално искуство, каде пред да се вработи во СКСЗМ му претходеше искуство во меѓународни шпедитерски компании, Ревизор за квалитет на услугата во меѓународна компанија, но и како новинар.

Неговите области на интерес во СКСЗМ се: развој на портфолиото на услуги на Комората, вмрежување со претставништвата, дипломатските мисии и донатори во земјата, управување со проекти и градење на партнерство со членовите на Комората. Во СКСЗМ, е ангажиран од Октомври 2019 година како Соработник за истражување, од Септември 2023 како Оперативен Менаџер, а од Мај 2023 година со одлука на Управниот Одбор е назначен на позицијата В.Д. Извршен Директор.

Во СКСЗМ управува со Извршната канцеларија и другите сектори во комората, ги спроведува одлуките на органите на Комората, го координира процесот на подготовка и спроведување на проекти, планирање на активностите и буџетот на Извршната Канцеларија ги врши работите што се предвидени со годишниот план на Комората, ја претставува Комората во отсуство на претседателот и потпретседателите и има одговорност за ефикасно и ефективно извршување на работата. Своите обврски ги остварува согласно овластувањата предвидени со Статутот и за одлуките одговара пред Управниот Одбор на СКСЗМ.