Tрибина: Можната инфраструктурна платформа со цел за економскиот развој во областа на северо-западна Македонија
На трибината се дискутираше за можностите за иницирање, креирање и реализација на проекти који ќе имаат влијание во областите населени со Албанци во Македонија. Исто така беше разговарано и за проектот: “Руга е Арберит”, автопатот Дебар – Новосело, автопатот Тетово – Јажинце – Глобочица – Феризај, автопатот Тетово – Призрен, и за проектот за трамвај во Полошкиот регион.
Исто така се дебатираше околу гасоводот и изградбата на железницата, каде се предложи развој на активностите за поврзување на постојната железница до слободната економска зона во Струга.
На трибината присуствуваа претставници од образовните институции, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за надворешни работи, Државниот архив на РМ, Здружението на историчари, градоначалниците од Северо – Западна Македонија, урбани професионалци, претставници на медиумите и други бизнисмени од Република Македонија, који ги претставија своите идеи и предлози за презентираната платформа за развој на инфраструктурата во Северо – Западна Македонија.
Comments are closed.