Skopje East Gate-членките на СКСЗМ подготвени за инвестиции во земјата

Во овие тешки времиња на пандемијата COVID-19, успехот на Трговскиот центар Skopje East Gate е запечатен денес со потпишување на најголемиот договор во земјата помеѓу деловниот сектор и банките.
Банките ќе позајмат 75 милиони евра, со што ќе се финансира првата фаза од изградбата на трговскиот центар. Skopje East Gate е проект на групацијата Балфин, сопственост на Самир Мане и Арсим Папранику, кој започна да се спроведува во јуни 2018 година.
Членките на СКСЗМ уште еднаш докажаа дека се подготвени за инвестиции во земјата, со кои ќе се подобрат условите за водење бизнис, како и ќе влијаат врз создавањето на нови работни места.