SIMPLE TAXI платформа

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Квантум Солушн организираа информативна фокус група каде што се презентираше платформата SIMPLE TAXI. Оваа платформа има за цел да го подобри такси превозот како и да интегрира некои модерни трендови:
• повикување на такси преку апликација;
• следење на возилото;
• споделување на возило со други патници упатени кон иста или слична дестинација;
• избор на тип на возило и ниво на опременост.