Home / Вести / Последни вести / Се потпиша Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и Општина Струга

Се потпиша Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и Општина Струга

Се потпиша Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и Општина Струга

В. Д. Претседател, Нухи Алиу, Извршниот директор, Дурим Зекири, како и членовите на Управниот одбор – Ресул Хани, Сами Морина и Агрон Мустафа – остварија средба со Градоначалникот на Општина Струга, г. Mendi Qyra.

За време на средбата беа разгледани можностите за реализација на заеднички проекти насочени кон локален економски развој, поддршка на локалните претприемачи и поттикнување иницијативи кои ќе придонесат за раст и иновации во Струга, но и во економијата на државата во целина.

Како резултат на добрата соработка, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Општина Струга, со цел поттикнување на локалниот економски развој, поддршка на малите и средни претпријатија, унапредување на условите за бизнисите што работат на територијата на Општина Струга, поттикнување на инвестиции и нови економски иницијативи, организирање заеднички активности и поддршка на развојни проекти.

Преку ова стратешко партнерство со Општина Струга, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го потврдува својот ангажман за поддршка на локалниот економски развој, креирање нови можности за претприемачите и придонес кон растот и иновациите во целиот регион.

2