SAHAF – Меѓународни Халал Саем и Форум
Целта на овој форум е да се презентираат основните принципи на халал и придобивките за сите заинтересирани страни, како што се производителите, дистрибутерите, потрошувачите и економијата во општо.
Со определување на темата на форумот како “Поврзување на халал вредностите: индустријата, технологијата и начинот на живеење”, се посочува на тоа дека халал е во основа систем на вредности што во голема мера е во согласност со вредностите врз основа на различни правила и стандарди на национално и на меѓународно ниво. Форумот ќе бидат двојазичен, со симултан превод (српски, босански или хрватски и англиски).
Халал принципите може да се применат во различни индустрии: храна, лекови, козметика, логистика, угостителство, туризам и други активности. Воедно, статусот на халал производите е предуслов за пласман во индивидуални пазари и често е карактеристика која придонесува да се зголеми конкурентноста на производите и услугите.
Босна и Херцеговина во регионот имаат централна локација во областа на халал, и имаат најголем пазар на халал, а со тој факт, исто така, е клучно седиште на халал институциите.
SAHAF ќе им овозможи на сите производители на сертифицирани халал производи да ги презантираат нивните производи и услуги не само на домашните корисници, но исто така и на странските клиенти, затоа што на овој саем ќе бидат присутни претставници од Германија, Австрија, Турција, Малезија, Индонезија и многу други земји.
За сите дополнителни информации контактирајте на: fatima.vela@oemvp.org
Comments are closed.