Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зеќири учествуваше на Регионалната конференција за ESG во WB6

20.03.2025 година, Приштина – Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зеќири беше поканет како панелист на Регионалната конференција на ESG во WB6, организирана како дел од проектот за промоција на практиките ESG (животна средина, општество, владеење) од страна на Трговска и индустриска комора Косово, во соработка со Стопанската комора на северо-западна Македонија и други партнери.

Г-дин Зеќири беше учесник на првата панел дискусија на тема „Регионална соработка за ЕСГ – Зајакнување на прекуграничните напори“. Тој ја нагласи имплементацијата на високи стандарди и размената на добри практики меѓу земјите во регионот, опишувајќи го како клучен чекор во создавањето поодржлива деловна средина и за поддршка за компаниите да се прилагодат на меѓународните барања за добро управување, општествена одговорност и заштита на животната средина. Тој ја истакна и важноста од меѓу-институционалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, која ќе придонесе за зајакнување на конкурентноста на компаниите.
Во врска со долгогодишното барање на СКСЗМ за намалување на придонесите, г. Зекир нагласи дека Црна Гора веќе го има имплементирано тоа, политика што ќе овозможи стабилност на пазарот на труд, спречување на заминување на работната сила, зголемена продуктивност и економски развој.

Во однос на правните политики, г. Зекири ја истакна важноста од соодветна, отворена и соодветна правна рамка, без компаниите да бидат ограничени со законите, со цел да се создаде поповолен амбиент за локалните бизниси. Тој, исто така, додаде дека правната рамка не треба да вклучува само пишани закони, туку и практики и политики кои можат да помогнат да се создадат подобри услови за развој на бизнисот.

На втората панел дискусија на тема: ESG во пракса и деловна имплементација учествуваше и претставникот на компанијата членка Алпак Еко, г. Фатмир Ејуб.

Овој настан пренесе важна порака кон зајакнување на регионалната соработка и создавање поодржлива средина за бизнис и економски развој.