Qyra на церемонијата за доделување на стипендии организирана од Фондацијата ALBIZ: Инвестирањето во студентите е клучот за успехот

СКСЗМ, како значајна институција, ги поддржува младите кои госледат патот  на професионалниот развој. Ова го изјави претседателот на Комората, Мendi Qyra, во својот говор на церемонијата за доделување на стипендии за студентите, организирана од Фондацијата ALBIZ. Qyra нагласи дека инвестирањето во образованието и во младите кадри е клучот за економскиот и општествениот развој на нашето општество.

„Длабоко сме уверени дека патот кој го имаме избрано е вистинскиот, а аргумент за тоа е самото постоење на вашата институција (ALBIZ) повеќе од една деценија. Стопанската комора на северозападна Македонија, како претставник на приватниот сектор, секогаш е подготвена да поддржи вакви иницијативи, бидејќи силниот образовен систем е клучен фактор за сигурна иднина на идните генерации. Но, ние како бизнис-заедница сметаме дека во одредени моменти треба да ја тргнеме скромноста на страна и погласно да ги промовираме нашите достигнувања, како што се Фондацијата ALBIZ, но и Стопанската комора на северозападна Македонија“, изјави претседателот Mendi Qyra.

Тој истакна дека СКСЗМ има значајни постигнувања, а најновото е добивањето на контестот пред Уставниот суд, со што беше укинат солидарниот данок, а како резултат на тоа на бизнисите ќе им бидат вратени 50 милиони евра – можност од која ќе можат да имаат корист и студентите. Според претседателот Qyra, резултатите се очигледни за добро организираниот и професионален бизнис-сектор на Албанците во земјата.

„Затоа, ги охрабрувам студентите да работат посветено за да ги остварат своите цели. Оние кои добија стипендии секогаш треба да се сеќаваат дека се наследници на една голема традиција, која ги поттикнува да играат активна улога во подобрувањето на општествениот живот. Ве охрабрувам да работите со посветеност и страст за да ги остварите вашите цели, искористувајќи ја секоја можност што ја нудат ваквите програми. Ви посакувам оваа академска година да ви донесе богати искуства и безброј можности за личен и професионален развој. СКСЗМ и нејзините членки се тука за вас, за да ви овозможат практична работа и трајно вработување, како единствен начин за затворање на овој одличен циклус помеѓу работодавачите и новата работна сила“, изјави претседателот на СКСЗМ, Меndi Qyra.

Како претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, тој изрази длабока благодарност до Фондацијата АЛБИЗ за досегашната одлична соработка, соработка која ќе продолжи да се продлабочува.