Претприемач на годината
Претприемач на годината
“Претприемач на годината” ја поттикнува духовната и претприемничката култура на Република Македонија преку промоција на успешни претприемачи во земјата. Истиот се одржува на крајот од секоја година, со финална промоција на претприемачи од најуспешните микро и мали претпријатија во земјата.
Предселекцијата за избор во најтесниот круг на “Претприемач на годината” е направена во согласност со најважните индикатори за раст на микро и малите претпријатија, според податоците од Централниот регистар на Македонија.
Организаторите на настани, претставници на претприемачки организации, граѓански организации и државни институции, со консензус и врз основа на дефинирани критериуми, одлучуваат за конечниот избор на најдобрите микро и мали претпријатија во земјата.
За прв пат, овој настан беше организиран во 2007 година.
Манифестацијата “Претприемач на годината” се организира секоја година. Таа има за цел да го зајакне претприемништвото во земјата преку промоција на мали и микро претпријатија во Република Македонија. “Претприемач на годината” ги идентификува претприемачите кои постојано бараат можности и нивната употреба за да генерираат профит, да преземат ризици и да креираат иновации, оние кои имаат менаџерски вештини и се ориентирани кон зголемување на нивното претпријатие.
Главните организатори на овој настан се Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Ко-организатор на настанот е Националниот центар за иновации и претприемничко учење (NCRIPU).
Институционална поддршка и организатор на настанот е Министерството за економија на Република Македонија