Општествен поврат на инвестиции: Зајакнување на знаењето и вештините за општествено влијание

SROI (1) (1)

Општествен поврат на инвестиции: Зајакнување на знаењето и вештините за општествено влијание

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е партнер на Проектот на Ерасмус+ “Општествен поврат на инвестиции: Зајакнување на знаењето и вештините за општествено влијание”, заедно со Идеја О.К. – Обука и консалтинг во Северна Македонија, Виенскиот универзитет за економија и бизнис во Австрија, Центарот за бизнис информации и консултантски услуги – Сандански во Бугарија и Универзитетот на Љубљана, Факултет за економија и бизнис во Словенија.

Овој проект се фокусира на свеста и разбирањето за мерење на социјалното влијание. Социјалното вклучување како хоризонтален приоритет на проектот има за цел решавање на разновидни, иновативни и интегрирани пристапи поврзани со зајакнување на социјалното влијание на приватните компании, непрофитните организации, како и јавните институции. Проектот ќе им овозможи на овие субјекти да развијат вештини и компетенции што ќе ја подобрат социјалната вредност поврзана со еднаквоста и социјалната инклузија.

Во рамките на проектот ќе се работи на:

  1. Рамка за компетенции/вештини на SROI кај вработените во компании и непрофитни организации;
  2. Програма за обука на SROI: Дизајн на пилот наставна програма и собирање на содржина;
  3. Развој на методолошка рамка за спроведување на обука за СРОИ во компании и непрофитни организации;
  4. Пилотирање на ИКТ платформа за SROI: едукативна платформа за учење и вмрежување на вработени на компании и непрофитни организации за спроведување на SROI