Open Day на проектот во општина Бервеница
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денес со организирање на еден Оpen Day во општина Чаир ги презантираше досегашните резултати на проектот, споменувајќи гo тука успешното завршување на четири обуки за женитe од етничките заедници со околу 85 обучени учеснички, кои се избрани во соработка со претходно формираните работни групи во секоја општина. Обуките започнаа во Јуни месец во општина Боговиње а потоа продолжија во Скопје и Струга, а во Јули завршија обуките во Кичево. Во текот на месец Cептември, исто така, е остварена уште една професионална обука за професионалците и волонтерите за работа во инкубатор.
Имплементацијата на проектот започна во Ноември минатата година и ќе трае до Февруари 2014 година. Проектот се имплементира во четири региони, и тоа во: Скопскиот регион (Сарај, Чаир и Арачиново), Полошкиот регион (Боговиње и Брвеница), Струга и Кичево заедно со селата. Целната група се жени на етничката Албанска, Турска и Босанска заедница на возраст од 20 до 45 години, со низок степен на образование.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Агенцијата за регионален развој Сенек – Пезинок од Словачка, се одговорни за спроведување на проектот “Образование, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, финансиран од страна на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007 – 2013, инструмент за претпристапна помош (ИПА).
На присутните им се доделија и промотивни материајали со информации за проектот и на крај имаше и коктел за сите гости.
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија | Здружение за локален рурален развој | Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок |
Проектот е финансиран од Европската Унија
This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.
Comments are closed.