СКСЗМ придонесува во енергетските политики
СКСЗМ секогаш функционира како поддржувач на деловната заедница и врз основа на тоа, денес во просториите на Комората се одржа состанок со Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на кој се разговараше за актуелната тема за одлуката со која новите градби да се приклучат во системот на централно греење.
Главната цел на овој состанок беше преку меѓусебна соработка да се адресираат сите проблематики со кои се соочуваат компаниите при реализацијата на градежни проекти во соодветните тела.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш ќе ги штити интересите на деловната заедница во секој сектор, со единствена цел да создаде поволна средина за инвестирање.