Oбука за стандардите на чување храна
29 Март 2016 – Стопанска Kомора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Zonel Software, кои се занимаваат со програми за сметководство, консултации, обуки, превод и толкување, денес спроведоа обука за компаниите кои се занимаваат со прехранбени производи.
Пред компаниите членки беа презентирани методите за складирање и замрзнување на храната, кои се клучни за квалитетот и безбедноста на прехранбените производи. Сите учесници беа информирани за AMBIO системот – кој служи за следење и контрола на релативната влажност и температура.
Меѓу другото, учесниците беа запознаени со германскиот сертификат за квалитетот на малите производители на храната, како предуслов за успех во извозот и откупот на пазарот.
Љубопитните учесници кои преку прашања и коментари, врз основа на искуството на компанијата која ги застапуваше, беа вклучени во неколку наврати.
Comments are closed.