Maison De Parfum, компанија членка на СКСЗМ, ги отвори вратите за ексклузивна посета
12.02.2025, Скопје – СКСЗМ продолжува да ги поддржува и промовира своите членки, создавајќи нови можности за вмрежување и соработка. Во рамките на оваа иницијатива, компанијата-членка на СКСЗМ, Maison de Parfum, ги отвори вратите за ексклузивна посета, каде што присутните имаа можност да се запознаваат со брендот, да ги истражат уникатните колекции на премиум парфемите и да искористат специјални понуди наменети исклучиво за нив.
Претседателот на Комората, г. Мendi Qyra, во своето поздравно обраќање зборуваше за важноста на соработката меѓу бизнисите и улогата на СКСЗМ во создавањето нови можности за развој.
„Настаните од ваков тип се од суштинско значење за зајакнување на врските и иницијативите што можат да произлезат меѓу бизнисите, како и за унапредување на развојните можности преку соработка и размена на идеи“, истакна г. Qyra пред присутните.
Стопанската комора на северо-западна Македонија останува посветена на поддршката на своите членки преку специјални иницијативи во рамките на услугата „Член за Член“. Овој програм овозможува идентификација на можностите за соработка, како и зголемување на пристапот до нови пазари, искористувајќи ги ресурсите и можностите што ги нуди широката мрежа на членките. На овој начин, СКСЗМ не само што ја поддржува експанзијата на постојните компании, туку исто така придонесува за создавање нови можности за иновации и заеднички успех.