II-риот модул на обуката за енергетска ефикасност: „СКСЗМ им помага на компаниите да се подготват за енергетската иднина“
15.02.2024 година, Скопје – СКСЗМ за своите членки успешно го заврши вториот модул на обуката на тема Енергетска ефикасност, обука на која учествуваа значителен број членки од различни сектори.
Во вториот модул, членките имале можност да се запознаат со потрошувачката на енергија во различни сектори на компанијата, идентификацијата на можности за заштеда на енергија преку мерки за енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија, како и за видовите енергетски контроли и придобивките од истите.
Центарот за обука на СКСЗМ сега е активен во опслужување на компаниите со обука на различни теми, задоволување на нивните потреби за обука и подготовка на нивниот кадар.
Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансирана од УСАИД и имплементирана од Консалтинг за Стратешки Развој.