I-от состанок на Управниот и Надзорниот одбор
На 10 Февруари 2014 година, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го одржа I-иот состанок на Управниот и Надзорниот одбор. Како точки за дискусија беа: Одобрувањето на записникот од последната средба одржана на 05 Декември 2013 година; одредување на можен датум за одржување на Годишното Собрание како и преглед на нацрт-планот за 2014 година.
Исто така на овој состанок беше презентиран и проектот “Заштита на брендирани производи во пограничната зона”, финансиран од Европската Унија, а се реализира во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералниот директорат за патенти и трговски марки во Република Албанија.
На крајот на средбата се дискутираше и за различни проблеми со кои се соочуваат компаниите во нивната работа.
Comments are closed.