На ден 04 Мај 2012 година, по повод 10 години од постоењето на Централниот Pегистар на Република Македонија, се одржа јубилејна прослава во Музејот на Македонската Борба за Државност и Самостојност.
Во програмски дел од овој значаен настан за Централниот регистар свое обраќање и презентација, “10 години Централниот регистар на Република Македонија“, имаше директорот г-дин Ванчо Костадиновски. Потоа, обраќања имаа Претседателот на Владата на РМ, г-дин Никола Груевски и Претседателот на Комора на стечајни управници г-дин Ацо Петров. Во знак на благодарност за досегашната успешна деловна соработка, на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, и се додели плaкeтa за успешна деловна соработка.
