FMCG Самит во Скопје

Почесниот претседател на СКСЗМ Џемаил Даути е говорник во FMCG самитот кој се одржува во Скопје – ексклузивно случување во трговскиот сектор во Северна Македонија. Тој ќе ги сподели со учесниците долгогодишните искуства кон успехот на компанијата Даути Комерц. На овој самит ќе презентираат и врвни експерти и ќе се споделат драгоцените искуства од водечките светски и регионални играчи на динамичниот FMCG-пазар.

Целта на овој самит е сите учесници со себе да понесат барем една нова визија за својот бизнис или да создадат барем едно ново деловно партнерство.

FMCG самитот во Скопје секоја година го посетуваат повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава.

LEAVE A COMMENT