Eлиминирање на трговските бариери меѓу земјите на регионот
СКСЗМ денес е дел од работилницата организирана од Косовската Трговска Комора во соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Трговската и Индустриска комора на Тирана.
Претседателот на СКСЗМ е панелист на темата Трговските бариери помеѓу Косово и Северна Македонија.
‘’Полиберализираната и развиена регионална трговија помага во борбата против сиромаштијата и невработеноста преку слободното движење и проширување на пазарот на трудот. Либерализацијата на царината е предуслов за многу економски и социјални придобивки на нашите земји.-потенцира г.Неби Хоџа, додавајќи дека: Главната точка на платформата за економски развој на Република Северна Македонија е патната инфраструктура што не врзува со Косово и Албанија за стимулирање на трговската размена со овие две држави.’’
На оваа работилница учествуваат многу компании од сите три земји организатори, што докажува дека СКСЗМ ги елиминира трговските бариери и ги промовира бизнесите на локално и регионално ниво.