Eкономски форум: македонската економија меѓу визијата и дилемата

28 Март 2018 – Денеска во Скопје се организираше економски форум на тема “Македонаската економија меѓу визијата и дилемата – предизвиците на економските политики”

Целта на овој форум е да се поттикнува  економска дебата за главните предизвици  на економските политики во земјата. За време на форумот , дискусијата се одржаа на  два панела, панел за стратешки економски приоритети и панел за предизвиците и можностите на бизнис секторот. Преку формалната дискусија беа дадени одговори на различни прашања поврзани со продуктивноста и конкурентноста на компаниите, како да се поврзат домашните компании со странските компании, предизвиците и можностите на бизнис секторот, како и улогата на банкарскиот сектор во поддршката и развојот на деловниот сектор .

Претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија на овој форум ја претстави ставот на Комората за економските политики на владата преку поддршка на сите иницијативи за развојни   политики  на земјата, а особено мерките за поддршка на бизнисот, со посебен акцент на еднаквиот регионален развој.

“Сакаме да се вклучиме во јавната расправа за економските политики на владата, да стимулираме дебата за овие мерки што владата ги носи и цениме дека ова е многу важно. Ние сме коректор на макроекономските политики и остануваме посветени на помошта на државата во растот и економскиот развој на земјата “, рече претседателот  Хоџа.

На овој форум беа и заменик-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдоски, претставници на меѓународни институции и други претставници од бизнис секторот.