Дурим Зекири на конференцијата „#ECONLIT24“: СКСЗМ е посветена на одржување на работната сила потребна за пазарот, како и креирање поволни макроекономски политики“
21.12.2024, Тетово – Во просториите на Хотел Меркур се одржи Конференцијата #ECONLIT24 во организација на Институтот за либерална алтернатива со тема „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, на која беше поканет извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири.
Г. Зекири беше говорник на панел дискусијата на тема „Поврзаност на политики и практики – Колаборативен пристап кон економското образование“, каде што говорник беше и г. Ахмед Ќазими, поранешен советник за економски прашања на претседателот на РСМ, како и г. Гани Рамадани, заменик Директор – Народна банка на РСМ.
„Оваа година, преку менторство и разни обуки, им помогнавме на бизнисите да го зголемат својот потенцијал со примена на потребните зелени трансформации што ги бара современиот пазар. Од друга страна, вреди да се потенцираат високите оперативни трошоци со кои се соочуваат компаниите во секојдневното работење, дестимулирајќи ги инвестициите, што го загрози деловниот екосистем во Северна Македонија“, нагласи г. Зекири.
Што се однесува до недостигот на работната сила, г. Зекири истакна дека треба да се преземат реформи за приватниот сектор да има поподготвен и стручен кадар, додека СКСЗМ цели на поблиска соработка со средните училишта, особено стручните, но и со универзитетите. Во оваа насока, универзитетите и бизнисите мора да бидат локомотивите кои иницираат и унапредуваат каква било иницијатива, било на макроекономско ниво, па дури и на имплементација на микро ниво, компанија-универзитет и обратно.
СКСЗМ се ангажира и ги поддржува сите иницијативи насочени кон создавање подобри услови за живот на граѓаните, зголемување на економската продуктивност и технолошки развој во земјата.