Home / Вести / Последни вести / CEED Global одржа презентација во СКСЗМ

CEED Global одржа презентација во СКСЗМ

CEED Global одржа презентација во СКСЗМ

Директорот на CEED Global, г.Петер Риги, денеска одржа презентација пред претприемачите на СКСЗМ. Целта на CEED е да работи со претприемачи кои сакаат да ја зголемат и изградат својата компанија и да се развијат како лидери. CEED им помага да имаат пристап до ментори, мрежи, знаење и капиталот кој им е потребен за раст и развој.

CEED ги развива и ги поврзува претприемачите кои сакаат да станат лидери. За време на денешната презентација, разговаравме за фазите на раст на претприемачите, кои се: start-up фаза, фазата на раст, фазата на професионализација на организацијата и фазата на интернационализација на бизнисот.