5 до 12: Предлог антикризни мерки за Владата
Денеска во просториите на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија се одржа прес конференција:”5 до 12 – Предлог антикризни мерки за Владата на Република Македонија”.
На оваа конференција, СКСЗМ излезе со листа на антикризни мерки, кои се надеваме дека ќе им дадат поголем импулс на бизнисите и економијата воопшто во нашата земја. Анти-кризните мерки се групирани во неколку категории: општи мерки, мерки за зголемување на ликвидноста, административни мерки, мерки во инфрастуктурата, енергетскиот сектор и други.
Според СКСЗМ, отворен дијалог значи отворено откривање на проблемите со кои се соочува државата и приватниот сектор, како и изнаоѓање на соодветни мерки кои во ниту еден момент не се во спротивност со правилното функционирање на државата.
Исто така, СКСЗМ предлага брзо враќање и поголема ефикасност на ДДВ-то од страна на владините институции како и итно враќање на државниот долг кон компаниите во име на извршени услуги и работи. Ова да се направи преку превземање на долгот од страна на комерцијалните банки кон компаниите. Како подмирувачи на долговите да се појават банките а државата во име на државни записи или било кој друг начин да даде гаранција за вратениот долг.
Како една од мерките е и отворањето на капитални инфраструктурни инвестиции во регионот на северо-западна Македонија и Завршување на административните процедури, како и итно активирање на економската зона во Тетово и Кичево.
Comments are closed.