3-тиот Саем на Турски извозни продукти
Во Скопски Саем од 06 Ноември до 09 Ноември 2013 ќе се отвори саемот на турски извозни продукти, каде ќе присуствуваат повеќе од 50 турски компании, интересирани за инвестирање во Македонија. Свечено отварање ќе биде на 06 Ноември од 12:00.
Саемот е организиран со цел да ја зголеми трговската соработка помеѓу двете држави и се очекува голем број на посетители од домашните компании. Се предвидени и билатерални средби меѓу бизнисите од Македонија и Турција.
Во овој саем ќе бидат презентирани производи од различни области: козметика, прехранбена, земјоделство, пакување, пластика, хотел подготовка, стакло, облека, медикални материјали, играчки, текстил, градежништво, мебел, алатки за домаќинство, градежни материјали и др.