3Ес: Едукација, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници

jpeg_CMYK-02-310x165Македонскиот пазар на труд се карактеризира со мала економска активност, ниска стапка на вработеност, висока невработеност и некомпатибилност на работната сила со бараните пазарни вештини.  Родовиот јаз на пазарот на труд е релативно голем. Фактори кои допринесуваат за нискоот учество на жените на пазарот на труд се: традиционалниот и културен контекст, низок степен на образование и вештини, недостиг на градинки и центри за грижа на стари лица, постоење на родова дискриминација на пазарот на труд. Младите, жените од руралните средини со низок степен на образование имаат ограничен пристап до пазарот на труд и се соочуваат често со родовата нерамноправност.

                Стопанската комора на СевероЗападна Македонија во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Регионалната Агенција за Развој Сенек – Пезинок, Словачка го имплементира проектот “Едукација, вработување и еднаквост  за жените од етничките заедници”,  финансиран од Оперативната програма за развој на чевечките ресурси 2007-2013, Инструмент за Претпристапна помош (ИПА).

Проектот ќе се имплементира во регионите на Скопје, Полог, Кичево и Струга.
Генералната цел на проектот е да ја олесни интеграцијата на жените од албанската, турската и бошњачката заедница од избраните региони на пазарот на труд , преку  јакнење на индивидуалните  вештини и знаења и креирање на нови можности за вработување.

Согласно со главната цел, проектните специфични цели вклучуваат:

1. Мапирање на потребите за јакнење на клучните вештини на жените од етничките задници преку проценка на индивидуалните вештини и знаења и анализа на потребите за надоградба и обука;

2. Испорака на специфични услуги за вработување согласно индивидуалните потреби на жените од етничките заедници – преку мапирање на локалните работодавци, обука, менторство и подготовка на индивидуални акциони планови, обезбедување пристап до информации и поддршка во изнаоѓање на вработување, практична обука на работно место;

3. Јакнење на капацитетите на професионалците и волонтерите кои работат со жените од етничките заедници;

4. Отворање на првиот пилот рурален инкубатор во Македонија како професионален центар за поддршка на бизнис иницијативите на целните групи и обука на персоналот на инкубаторот;

5. Јакнење на соработката на сите релевантни чинители и креирање на механизам за понатамошна соработка, размена на информации и добри практики во однос на мерките и политките за вработување наменети за жените од етничките заедници.

Целни групи на проектот се невработени жени од етничките заедници на возраст од 20 до 45 години; жени од руралните средини со низок степен на образование и 16  професионални лица за понатамошна работа со жените од етничките заедници и бизнис инкубаторот по завршувањето на проектот.

Клучните очекувани проектни резултати се:

  • Креирани и имплементирани специфични, базирани на потребите обуки за жените од етничките заедници;
  • Координирана комуникација помеѓу невработените жени и потенцијалните работодавци и подобрена комуникација на сите релевантни засегнати страни;
  • Воспоставен пилот рурален бизнис инкубатор за жени,  обучен персонал со зајакнати капацитети за поддршка на развојот на женското претприемништво.

За повеќе информации контактирајте не на  info@oemvp.org

Comments are closed.