15 години СКСЗМ, Хоџа: Успеавме да станеме пример за другите институции

Имајќи во предвид дека 2020 година  е јубилејна година на основањето на  СКСЗМ, имаме реализирано инервјуа со нејзинте претседатели што управуваа во овие 15 години.

Следното интервју се реализираше со актуелниот претседател на СКСЗМ г-дин.Неби Хоџа.

Ве покануваме да ја прочитате интервјуто.

  1. Што ве инспирираше да се кандидирате за претседател на СКСЗМ, и објаснете ги околностите во времето кога бевте избран?

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, од основањето, континуирано е синоним за заштита на бизнис интересите во нашата земја. Сите ние игравме активна или пасивна улога во различни временски периоди, и секако внимавајќи на важноста на оваа институција, ја претставив мојата кандидатура за претседател на СКСЗМ.

Во мојата претходната кариера имав можност да се справам одблизу, и со тешкотиите и со олеснувањата за водење бизнис не само во земјата, туку и во соседниот регион и тоа ме прави многу уверен дека ќе имам можност да им ја понудам мојата помош на сите членови на СКСЗМ, кога да им притреба.

Откако ги завршив мастер студиите на Електротехничкиот Факултет, се вратив на семејниот бизнис кој датира од 1965 година, каде како интелектуалец го подигнав нивото на семејниот занает во еден меѓународен бизнис, проширен во странство и во неколку сектори. Покрај професионалниот аспект, во минатото бев активен во повеќе различни институции и организации: осум години во Скопскиот Чаршиски Еснаф, седум години во Претседателството на Скопски Филиграни, пет години во Албанската Фондација за Стипендии, четири години како претседател на Балканското Здружение на Филиграни, четири години како член на Управниот Одбор на СКСЗМ, четири години како член на Управниот Одбор на Универзитетот на Југоисточна Европа, четири години како претседател на СКСЗМ и скоро две години како член на одборот на Националниот Економски Форум. Никогаш не сум бил дел од политиката во, и тоа ме тера да гледам на работите од пообјективно и надпартиско гледиште. Друг аспект што ме инспирира е блискоста со успешните луѓе кои со својата напорна работа создаваат социјални вредности и благосостојба.

Верувам дека комбинацијата на моите вештини, искуство, знаење и инклузивност во балканскиот регион и пошироко, одговара на профилот на Претседателот. Целото ова искуство ми дава целосно право да бидам идеален кандидат за функцијата претседател на СКСЗМ. Затоа, околностите на мојот избор за функцијата Претседател на СКСЗМ во двата мандата беа олеснителни.

  1. Во која фаза и околности го презедовте раководството на Комората, дали тогаш СКСЗМ беше силно етаблирана во земјата?

Малите економии се изложени на надворешни влијанија и исто така лесно се кршливи, па затоа треба да бидеме брзи во делување и прилагодливи, за да останеме на пазарот. Адаптацијата ја гледам како институционална моќ, каде што од искуството како претседател во рок од четири години, го зголемив капацитетот на СКСЗМ во секој аспект. Меѓусебната комуникација и соработка помеѓу членовите на раководните тела е на високо ниво и од нив добивам една невидена енергија која во минатото недостасуваше. После 13 години работење, просториите на СКСЗМ беа целосно реновирани и се создаде позитивно опкружување за раководството на Комората и каде стручниот персонал со неуморна работа, мотивација и волја ќе ги исполни сите обврски кон своите членови. Услугите на Комората се зголемуваат секој ден, каде преку бирото за услуги на дневна основа имаме извонредна комуникација. Во однос на визуелноста, СКСЗМ постигна многу висок рејтинг во однос на минатото. Во однос на политичката тежина, постигнавме високо ниво на етаблирање кога преку стручност и лобирање успеавме да промениме многу закони и регулативи во интерес на бизнисот. Исто така, гордост е што СКСЗМ е единствен партнер на Глобалниот Економски Форум (World Economic Forum) на глобално ниво веќе три години. Соработката со трговските комори во регионот е на дневна основа. Учествуваme на многу економски форуми на Светскo ниво. Значи, факторизацијата на СКСЗМ е видлива, но секако ние продолжуваме со посветеност кон главната цел која е унапредување и вмрежување на деловните активности ширум светот.

  1. Што ја прави важна СКСЗМ во овој период, вклучително и кризата „Ковид-19“, но не само тоа?

Неспорен е фактот дека СКСЗМ е институција со големо влијание во земјата во однос на економијата и другите важни процеси. Како би било поинаку кога нашето членство има обрт од над 1 милијарда евра на годишно ниво. Опфаќа секој сектор и категорија, а заради точноста на ресурсите, нашите ставови се силни и брзо се прифаќаат од јавноста, општеството и институциите. СКСЗМ продолжува да ја игра својата оригинална улога, а тоа е да ги заштити деловните интереси во земјата, да ја унапреди нивната позиција и да го поддржува развојот на истите. Во оваа јубилејна година за нашата Комора, покрај вообичаените предизвици, се соочивме и со епидемијата Ковид-19 која, покрај предизвиците, даде и можност СКСЗМ да ја докаже својата важност за државните процеси, и СКСЗМ го стори тоа. Со активно учество придонесовме и ќе придонесеме во подготовката на соодветни мерки за закрепнување на економијата, ние исто така ќе продолжиме да бидеме водич за економската насока на земјата и бизнисите во целина, со единствена цел да им помогнеме на економијата и бизнисот што е можно поскоро да достигнеме нивоа слични на оние на Европската Унија, каде што имаме за цел да се приклучиме како земја.

  1. Резиме на 15 години постоење и визија за следните години?

После дваесет години независност на Република Северна Македонија, таа сè уште е во почетниот период на економскиот развој, особено во последните години кога како држава се соочивме со светската економска криза.

Причините зошто економијата сè уште е во „транзиција“ очигледно се уште исти: малата географска област на земјата во која работат деловните активности; разни фактори на дефинирање на развојот; наследството на ниското ниво на економски развој, како и недостаток на соработка и современа економска активност.

Затоа, постои итна потреба да се подобрат условите за деловно работење во земјата, да се зголеми продуктивноста, конкуренцијата и признавањето на нашата земја како атрактивно опкружување за инвестиции, споредено со другите земји од регионот на Југоисточна Европа и пошироко како конкурентни земји за привлекување инвестиции. Трансформацијата на ремитенциите во инвестиции е незаменлив предуслов и перспектива за нашата земја и дијаспората, каде што младите треба да бидат обучени за да работат во својата татковина.

Ова барање е овозможено само со професионален пристап и тоа најдобро го прави СКСЗМ во своето 15 годишно постоење. Формите на организирање кај Албанците датираат длабоко во историјата, каде имаме информации од деловните здруженија во Тирана стари над 120 години, во Скадар, Скопје, Приштина, Призрен, Елбасан, итн. Значи, СКСЗМ е само нова форма на организација во новите услови по осамостувањето на Северна Македонија. Улогата на СКСЗМ во текот на 15-годишниот период беше повеќекратна, а главниот фокус беше насочен кон создавање среднорочни и долгорочни макроекономски политики, социјална одговорност на деловните активности, пристап до политичките партии, еднаков регионален развој, унапредување на жени претприемачи, модернизација и дигитализација на процесите на компаниите со единствена мисија, СКСЗМ да организира, напредува, штити и промовира деловни интереси дома и во странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција и визија. СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на деловните интереси и создавање на удобна средина за развој.

  1. Завршниот говор на претседателот за оваа јубилејна година (15 години постоење)?

Времетраењето на постоењето на СКСЗМ не ја прави вредна долговечноста и годините, туку дејноста што остави длабоки траги како доказ за сработеното. Не сакаме да зборуваме премногу и да им оневозможиме на нашите дела да го кажат тоа што треба да се каже. Ако вистината зависи од перспективата, тогаш нашата вистина е дека постоењето на СКСЗМ е полна со успешни проекти и активности што беа реализирани уште од почеток, а во оваа перспектива овие 15 години се чини дека се преполни и бројни ако им се суди  со обемот на активност.

Карактеристично за институцијата со која ја водам втор мандат по ред е што не престанавме да се развиваме и дека израмнувањата или падовите никогаш не биле присутни во кривата на работата на Комората.

Гордост е да се биде претседател на СКСЗМ и особено да се одбележи оваа јубилејна годишнина како нејзин лидер. Оваа гордост што ја чувствуваме како членство, за локалните албански бизниси е скромна и произлегува од стекнатото задоволство кога успеавме да ги обединиме деловните активности на земјата околу чиста цел, која воопшто немаше индивидуални интереси. Морам да кажам дека нашата институција, во оваа 15-годишнина, нè наоѓа многу силни, но нè постави пред многу нови предизвици што ќе ги надминеме со нашата докажана посветеност. И покрај многуте успеси, морам да истакнам дека најголем успех што го постигнавме во овие години на постоење е што успеавме да станеме пример за други институции и докажавме дека ние како Албанци имаме можност да создаваме и развиваме кредибилни институции, иако секогаш се соочивме со разни пречки.

Сега, како членка на НАТО и во пресрет на преговорите за членство во ЕУ, перспективата е загарантирана, затоа мора да се фокусираме и да не се справиме со минатото.

Ако ова 15-годишнина е само почеток на тоа каде ќе одат енергијата и инспирацијата уште многу години, до тогаш нашиот успех ќе послужи само како потсетник за можностите, додека предизвиците ќе бидат генератор на волјата да се оди напред.