15 години СКСЗМ – Обраќање на Извршниот директор
2020-та година ја претставува 15 годишнината на основањето на СКСЗМ. Јубилејна година, 15 години звучат скромни сè додека не биде јасен споменот за нејзиното создавање со прекрасна генеза која произлегува од силната волја на бизнисите предводени од Албанците во земјата. Нејзиното основање во тоа време беше несомнено предизвик, но истовремено претставуваше и надеж за сите бизниси кои дејствуваа главно во северо-западниот регион, а подоцна дејноста на СКСЗМ се прошири и во другите региони како што се Источниот, во Пелагонија итн.
Иницијативите против неа кои беа реализирани преку етничко обележување го направија нејзиното патување да не биде лесно, предизвикувајќи сомнежи дали оваа институција може да ги преживее институционалните предизвици. На ваков начин се одвиваа почетоците на Комората, кои се дел од еден тежок и долг период кога нејзината одржливост беше ставена пред последователни предизвици, но времето да и овозможи на институцијата да се етаблира преку охрабрување и поддршка од основачите на Комората кои отсекогаш биле таму.
Како што поминуваше времето, присуството на Комората во земјата се развиваше со истото темпо. Втората деценија ја наоѓа СКСЗМ во позавидлива и институционално подобрена состојба, со проширена мрежа на членство, разновидни сектори и голем број на проекти. Отворена и со проактивен пристап кон своето членство, СКСЗМ веќе започна со посети и состаноци со своите членови за да ги идентификува и адресира нивните секојдневни проблеми прекур реализирање на програмите како што се „Членка за членка“, Групацијата на бизнис жени, Деск за услуги, Б-wall и др., на начин да биде што е можно поблиску до членството.
Играјќи активна улога во соочувањето со проблемите кои ги опкружуваа бизнисите предводени од Албанци, нè направи нас како институција да бидеме меѓу водечките стопански комори на земјата, превземајќи ја титулата како вистински застапник на потребите на бизнисите. Она што го прави нашиот статус како институција уште по посебен е фактот дека ние останавме имуни на било какви политички обојувања и ги дистанциравме сите интересни групи што не беа насочени кон колективниот интерес на бизнисите воопшто.
Земајќи ја како основ стратегијата на Комората, ние ќе продолжиме да придонесуваме кон остварување на правата и интересите на бизнисите, зголемување на членството и проширување на услугите. Оваа 15-годишна ретроспектива на постоењето ќе послужи како реактор од кој ќе произлезат учења, идеи и енергија за понатаму да придонесеме во оваа заедничка кауза на бизнисот.
Во последните години пораснавме со огромни и брзи чекори, а спектарот кој се појавува во визијата на иднината ни дава јасни знаци дека ќе мора да продолжиме со истата желба за работа. Ќе докажеме дека одбележувањето на претстојната јубилејна година ќе нè најде уште помоќни како Комора, под чии крилја ќе бидат засолнети многу поголем број компании.
Благодарен сум за честа што ми е доделена да ја водам оваа голема Албанска институција позната по својата релевантност и стабилност. Нека оваа 15-годишнина од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија биде почеток на уште едно успешно поглавје што треба да се напише како дел од патувањето на СКСЗМ.