111 милиони евра, две од последните 12 владини мерки за поддршка на стопанството и претпријатијата

      Новите 111 милиони евра, преку две од последните 12 владини мерки, се директна поддршка на стопанството и претпријатијата. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во овие тешки услови ќе помогнат на претпријатијата да обезбедат обртни и средства за инвестиции, но ќе овозможат и зачувување на многу работни места. За стопанствениците, претставени во трите стопански комори, поддршката е добредојдена, условите исклучително поволни и очекуваат да станат достапни што поскоро.

Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанска комора на северозападна Македонија, ги поздрави мерките и истакна дека тие не само што ќе ја ублажат финансиската криза на малите и средните претпријатија, туку ќе помогнат и да се ублажат влијанијата од сегашното работење на компаниите.


Овие мерки, додаде Битиќи, ќе направат доволен поттик за целото стопанство да може да излезе од сегашната состојба.

Comments are closed.