10 години јубилеј на БЕ-ДА Логистик

Компанијата за транспортни услуги БЕ-ДА Логистик овој месец слави 10 години јубилеј. Како член во Стопанска комора на северно западна Македонија, ни е чест да ја гледаме низ текот на годините како го создава својот успешен пат и продолжува достојно да ја претставува нашата земја во Европа и Балканот, понудувајќи квалитетни логистички решенија.

Започнувајќи со една канцеларија во 2011 година, Скопје, Македонија со вкупно 5 вработени, денес брои 3 канцеларии од кои другите две се во Драч, Албанија и Приштина, Косово, збогатени со 50 вработени – професионалци во својата работа.

Компанијата БЕ-ДА Логистик овозможува транспортни и логистички решенија во секој вид на транспорт (копнен, бродски, железнички, воздушен) и нуди беспрекорна услуга кога е во прашање безбеден пренос на стоки и добра на своите клиенти.  Гордост е да кажеме дека домашна компанија обезбедува логистички решенија на најголеми компании во Европа, Македонија и реонот.

Како логистичка компанија што ја покрива целата територија на Европа и Балканот со своите услуги,  тие дополнително имаат и свои камиони со цел да ги задоволат потребите за транспорт и логистика на домашниот и странскиот пазар.

Предизвикот да опстанат 10 години на пазарот со професионален тим и квалитетна услуга е исполнет и новиот фокус е со нивните канцеларии да се прошират и со сопствени претставништва и во Европа.

Ние сме задоволни што компанијата БЕ-ДА Логистик како македонски бренд е препознаена со квалитетна и транспарентна услуга на светскиот пазар и има успешно испишана приказна, компанија која вложува во своите вработени и дигитализација, која е во чекор со модерната технологија и допринесува во порастот на економијата со своето знаење за логистика и транспорт.

Посакуваме среќен јубилеј на БЕ-ДА Логистик и понатамошни успеси со безброј поминати километри кои ќе освојуваат нови територии!