СКСЗМ Традиционална Ифтарска софра

30.03.2023 – Четврток, се одржа Ифтарската софра, која традиционално, со години наназад, СКСЗМ ја организира за време на светиот месец Рамазан.
Покрај членството на СКСЗМ, присутни беа и претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, министри, претставници на ИВЗ, амбасадори, градоначалници на општини, претседатели на политички партии, локални и регионални стопански комори, медиуми како и претставници на различни институции во државата.
Во својот говор, претседателот на СКСЗМ г. Менди Ќура ја истакна важноста и значењето на светиот месец Рамазан како месец на солидарност кој не зближува.
Главната порака која беше пренесена е неопходноста на единството, хуманоста, благодарноста, владеењето на мирот, среќата и љубовта на еден кон друг, имено, порака која ја носи во себе самиот свет месец Рамазан.
СКСЗМ продолжува да биде столб на заштитата на деловните интереси како и лидер во организацијата на големи настани од јавен интерес со економски карактер.