СКСЗМ го пречека раководството на Индустриската комора на Ескишехир

20 јануари 2025, Скопје – Во просториите на СКСЗМ, претседателот на Собранието на Комората, г. Назми Ејупи, заедно со Извршниот директор и членови од Управниот одбор, одржаа состанок со Претседателот на Индустриската комора на Ескишехир, г.Русту Сентуна придружуван од други претставници од истата институција.
Оваа средба беше фокусирана на унапредување на взаемната соработка помеѓу членовите на двете страни, како и поттикнување на трговската размена со бизнисите од регионот и пошироко. Во дискусијата беше потенцирана важноста на стратешките партнерства, создавањето нови можности за инвестиции, како и можноста за зголемување на глобалната соработка во интерес на економскиот развој.
СКСЗМ останува посветена на зајакнување на врските со стопанските комори во земјата и странство, со активно залагање за создавање мостови на соработка што ја зајакнуваат економијата и бизнисите ширум светот.



