Јавен повик – Ревизија на финансиските извештаи

Јавен повик

Набавувач
1.1. Набавувач: Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија

2. Предмет на набавка
2.1. Ревизија на финансиските извештаи за 2016 година на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.
2.2. Предметот на набавка не е делив.
2.3. Повикот е отворен, со право на учество на сите домашни и странски правни регистрирани за дејноста која е предмет на набавката.

3. Содржина на понудата
3.1. Понудата треба да ги содржи сите елементи по Меѓународни стандарди за ревизија (МСР).
3.2. Понудата треба да содржи име, адреса, седиште на понудувачот, број на жиро сметка, даночен број и банка депонент;
3.3. Понудата треба да содржи и контрола на квалитетот на услугите и цените на услугите.
3.4. Доколку како понудувач се јави странско правно, понудата треба да биде преведена на македонски јазик или албански јазик, а цената може да се изрази и во евра, а која се пресметува според курсната листа на Народна банка на Република Македонија (среден курс), што се применува на денот на отварање на понудите.
3.5. Понудата треба да има рок на важност 90 дена.

4. Документација која понудувачот ја приложува кон понудата и со која ја докажува својата финансиска и економска способност.
– Документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија (за правно лице), за дејноста за која ја доставува својата понуда;
– Дозвола од надлежен орган за работење (дејност) на економски оператор;
-Документ за бонитет на понудувачот издаден од Централниот Регистар на Република Македонија;
– Потврда дека не е отворена стечајна постапка;
– Потврда дека не е отворена ликвидациона постапка;

– Потврда за прекршочна санкција–забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
– Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
-Писмена изјава дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
– Ревизорски извештај за последната завршена календарска година.

Горенаведените документи не смее да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од економскиот оператор.
Странско правно или физичко лице ги доставува горенаведените документи издадени од соодветни институции од странство.
Документите издадени од соодветни институции од странство и на странски јазик треба да бидат преведени на македонски јазик и заверени на судски преведувач.
Понудите кои не ги содржат горенаведените документи ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

5. Документи со кои понудувачот ја докажува својата техничка способност.
– Список на извршени услуги за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години, со износите, датумите и корисниците (референтна листа), според условите од тендерската документација;
– Потврда издадена од еден претходен корисник на услуга во последните три години за соодветноста, навременоста и квалитетното извршување на услугата од страна на понудувачот.
6. Критериуми за избор на најповолен понудувач по сите точки:
– Кадровски ресурси на фирмата (квалификации);
– Цена;
– Препораки;
– Начин и рок на плаќање;
Врз основа на горенаведените критериуми се избира најповолна понуда.

7. Начин и рок на доставување на понудите
Понудувачот треба да ја достави понудата во еден оригинален примерок со наведена ознака „Не отворај”, кој треба да биде потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени пликови. Едниот затворен внатрешен плик да ја содржи понудата и наведена ознака „Понуда” а пак другиот плик ја содржи потребната документација и наведена ознака „Документација” и точната адреса на понудувачот.
Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

Рокот на доставување на понудата е најдоцна до 14.04.2017 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе се доставаат по истекот на наведениот рок нема да се разгледуваат. Понудите може да се достават по пошта на адреса: Димитрија Чуповски бр.13 1000 Скопје или да се достават во архивата на Стопанска Комора на Севери-Западна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
Повеќе детали во врска со јавниот повик може да добиете преку е-пошта: info@oemvp.org 
8. Завршни одредби
Понудите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на Јавниот повик нема да се разгледуваат.