Јавен повик за организирање на бизнис натпревар „Биди перспективен започни свој бизнис“

 

 ЈАВЕН ПОВИК

За организирање на бизнис натпревар „Биди перспективен започни свој бизнис“

 

1. Предмет на јавниот повик е избор на 40 најдобри бизнис идеи кои ќе се здобијат со право за учество на обука во рамки на бизнис натпреварот- „Биди перспективен започни свој бизнис“. Министерството за економија овој проект го реализира во соработка со: Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Министерството за образование и наука, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Државниот Универзитет во Тетово, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Бирото за развој на образованието и Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет. 

2. Право на учество имаат студенти и млади претприемачи на возраст од 18 до 30 години.

3. Бизнис идеите може да се доставуваат електронски со пополнување на Образец „Бизнис идеја 2014“ и негово доставување на следната адреса e-mail: biznisideja@economy.gov.mk.

Образецoт „Бизнис идеја 2014“ може да се преземе од www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk.

4. Критериуми за селекција на бизнис идеи:

-Иновативни 40%

-Профитабилни 30%

-Изводливост 30%

5. Студентите и младите претприемачи чии бизнис идеи ќе бидат избрани во потесниот круг помеѓу 40-те најдобри ќе добијат право за учество на обука составена од 13 модули со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план. По завршувањето на обуките ќе биде објавен Јавен повик каде секој од учесниците може да изработи и достави бизнис план, по што ќе следува селекција на најдобрите бизнис планови и нивна презентација, а за петте најдобри ќе бидат доделени плакети, ваучери и парични награди. Право на аплицирање со бизнис план ќе имаат сите кои сакаат да учествуваат на натпреварот, без разлика дали учествувале на обуките.

6. Јавниот повик за аплицирање на бизнис идеи трае до 15 март, 2014 година.

За дополнителни информации

тел. (02) 3093 445; (02) 3093 431

 

Comments are closed.