Јавен повик за избор на дизајн за статуетка за доделување на наградата ТОП 100
Јавен повик
за
избор на дизајн за статуетка за доделување на наградата ТОП 100
Стопанска Kомора на Северо – Западна Македонија секоја година организира настан ТОП за прогласување на 100те најдобри албански компании во Република Македонија.
Предмет на јавниот повик е подготовка на дизајнот на статуетката за доделување на наградите на овој настан што ќе биде идејно решение и на овој начин ќе се придонесе кон формирање на бренд и автентичност.
Право на апликација имаат сите субјекти во земјата кои главна дејност им е дизајнот. Секој има право да аплицира со еден предлог дизајн за идејно решение.
Услови за учество
- Идејното решение треба да биде оригинален и претходно неискористен;
- Идејното решение треба да биде одраз на функцијата на цената преку одредена симболика;
- Идејното решение треба да се подготви во GIF, JPG или TIF или во векторски формат.
Ограничување
- Идејното решение не треба да има човечки облик или облик на друго живо суштество (животно, птица, инсекти).
Подготвените материјали во оваа форма да се испратат на нашата адреса ул. Димитрие Чуповски бр.13, Скопје, со натпис “Идејно решение за статуетката за ТОП 100 или на е-маил: info@oemvp.org, најдоцна до 01 Prill 2017. По завршувањето на повикот, избраниот учесник на идејното решение ќе биде известен и ќе биде обврзан во рок од 3 дена да поднесе изјава заверена на нотар за оригиналноста на неговиот дизајн.
Евалуација на идејното решение
Оценување ќе се врши од страна на Комисијата врз основа на критериумите за оценување. Комисијата има право да одлучува ниедно од испратените идејни решенија.
Критериуми за оценување
- Форма и функционалноста;
- Рационално и економски;
- Автентичност и идентитет.
За повеќе информации за Стопанска Комора на Северо – Западна Македонија Ве молиме посетете ја официјалната веб-страна: www.oemvp.org
Сите заинтересирани страни може да закажат консултативен состанок со раководството на СКСЗМ. За закажување на состанок контактирајте не на 076/397-504.
Comments are closed.