ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА АГЕНЦИЈА КОЈА ЌЕ ЈА РЕАЛИЗИРА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “TОП 100”
организирана од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секоја година ја организира и манифестацијата “TОП 100”, каде се објавуваат 100 најдобри компании во Македонија. Оваа манифестација е претворена веќе во традиција и се организира секоја година. Оваа година, селектирањето ќе се врши според 5 (пет) столба кои се: годишниот обрт, нето добивката, бројот на вработени, инвестиции и враќање на капиталот – ROE. Ова ги стимулира компаниите на транспарентен основ да ги видат резултатите од својата работа и ќе можат да конкурираат меѓусебно на големиот глобален пазар.
Предметот на овој повик е за агенција што ќе ја поддржи манифестацијата ТОП 100. Секоја агенција треба да има во предвид дека нивото на гостите е од високо ниво како премиер, министри, амбасадори и други.
Нашите технички барања поврзани со овој повик се:
- LED и бина
- Камера и кран
- Протокол и хостеси
- Осветлување ако е потребно
- Микрофони (1 фиксен и 2 бубици)
- Live stream на FB и Youtube
- Режија + монтирање
- Слушалки за преведувачи
Условите на учество според референциите:
- Да има искуство во организирање на слични манифестации;
- Да има пројектна листа;
- Оригинални идеи.
За повеќе информации за Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Ве молиме посетете ја официјалната веб страна: www.oemvp.org.
Сите заинтересирани да ги испратат своите податоци на е-маил адресата: info@oemvp.org и за информации да се јават на тел. број: 02 3239 252, не подоцна од среда, 7 ноември 2018.



