Шестиот состанок на Заедничкиот Kонсултативен Kомитет на ЕУ за граѓанското општество и Република Македонија

    На 19 април 2012 година, на Заедничкиот Kонсултативен Kомитет на ЕУ за граѓанското општество и Република Македонија се одржа шестиот состанок на тема: “Малцинските права во една мултиетничка средина”, во која присуствуваше и извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Фатмир Битиќи, како набљудувач.

        На овој состанок, меѓу гостите, говор пред граѓанските општества имаа  г-ѓа Лидија Групчева ко-претседател на ЗКК, г-ѓа. Пирико Раунемаа ко-претседател на ЗКК, г-дин. Спиро Ристовски министер за труд и социјална политика и г-дин. Роберт Лидел, министер советник во делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

       По кратка дискусија, со говор продолжи г-дин Муса Џафери, заменик на Претседателот на Владата, задолжен за  спроведување на Охридскиот Рамковен Договор и г-дин. Ралф Брет, шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На крај, беше презентиран извештајот за малцинските права во една мултиетничка средина во Република Македонија, од страна на г-дин. Самет Скендери, директор на невладина организација  и г-ѓа. Мади Шарма.

      Г-дин. Самет Скендери кажа дека извештајот е подготвен од јануари до март оваа година и се базира на состојбата на националните малцинства низ теми: дискриминација, услови за зачувување на културата, јазикот, религијата, традиции на националните малцинства, изразување, совест и религија, како и пристап до други медиуми.
Генерален заклучок е дека правата на малцинствата се многу важна алка во живот во Република Македонија и почитувањето на човековите права претставува една од најважните компоненти на демократијата во земјата.

Comments are closed.