Шестиот меѓународен саем на различните производи и инвестициските потенцијали во Бујановац
Во рамките на активностите за меѓу институционална соработка по потпишувањето Договорот за соработка меѓу Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и Општина Бујановац на 27 мај 2013, СКСЗМ претставена од заменик-извршниот директор г-дин Арбен Халили и Решат Нагавци – раководител на сектор, учествуваа на шестиот меѓународен саем на различни производи и инвестициските потенцијали во Бујановац, како почесни гости на општина Бујановац.
Саемот се одржа меѓу 27-29 мај 2013 во Спортскиот Центар “Риниа“ во Вујановац, која беше организирана од општина Бујановац, преку Канцеларијата за локален економски развој и други јавни институции, каде што основач е општина Бујановац.
Освен Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, на саемот беа поканети и другите стопански комори, Стопанска комора на Србија, Стопанска комора од Косово и Комората за Трговија и Индустрија од Тирана, како и преставници на донаторските организации кои работат во земјава, претставници на амбасадите во Белград, претставници од министерства и различни државни агенции од Србија.
Компаниите кои учествуваа на саемот имаа можност да ги претстават своите производи, и да воспоставаат деловни контакти, со подигнување на повисоко ниво на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан.
Освен саемот, се организираа и други културни активности на плоштадот во Бујановац. Исто така, за почесните гости се организираше посета на важните места за општина Бујановац (Музејот и археолошки локации, природните богатства и туристички места).
Comments are closed.