Членките на СКСЗМ со барања и до Движењето БЕСА

07 Април, 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија со состанокот денес со Движењето “Беса” продолжува со консултативните состаноци со сите политички партии во земјава во текот на пред изборниот период.

Главната причина за иницирање на ваквите средби е запознавањето на бизнис заедницата со економските платформи на секоја политичка партија. Комората, како легитимен претставник на гласот на бизнисот, се стреми да понуди совети врз основа на искуствата на нејзините членки со цел да придонесе кон најсоодветна економска платформа.               Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, истакна дека не може да се дефинира економската платформа од страна на партиите без да се земат предвид и предлозите на бизнисите. Затоа, од сите политичките партии во земјата, па и од Движењето БЕСА  како релативно нов субјект на политичката сцена, бараме да ја ocновaат економската платформа врз следните принципи:

  • Транспарентност и отчетност за трошење на буџетските средства и креирање политики;
  • Намалување на нееднаквоста во регионалниот развој;
  • Напуштање на митот за евтина работна сила;
  • Нови мерки за зголемување на вработеноста: чија цел е подготовка на работна сила и нејзината ориентација во одредени профили , и тоа во делот на обуките и стручното образование;
  • Подготвување на економска платформа за одржлив ии конзистентен економски развој;
  • Сериозна посветеност да се зголеми БДП над 4 %

Потпирајќи се на клучните столбови на Движењето, нашата економска програма ја одразува специфичната ситуација на земјата, а предложените решенија нема да се базираат само одреден политичко-идеолошки профил, но во поширока рамка, која ќе овозможи флексибилност во решенија во согласност со специфичните околности и потреби. Денеска сме тука са да ги слушнеме предлозите на Комората и бизнисите кои што ги претставува, и истите да ги вклучиме во нашата платформа – изјави претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами.

Комората смета дека само кога горенаведените принципи ќе бидат инкорпорирани во економските платформи може да се постигне вистински економски развој и стабилна социјална благосостојба.

IMG_1367

IMG_1371

IMG_1375

IMG_1383