Членка на СКСЗМ Везе Шари, стана ексклузивен застапник и увозник на Mueller Milch
Членка на СКСЗМ, компанијата Везе Шари, заедно со своите партнери, стана ексклузивен застапник и увозник на млечните производи на германскиот бренд Mueller Milch (https://www.muellermilch.de/). За прв пат, производите на овој познат бренд во млечната индустрија ќе се најдат на трпезите на граѓаните во Македонија.
„Успешно ја продолжуваме и ја продлабочуваме соработката со нашите германски пријатели. За прв пат, производите на брендот Mueller Milch ќе бидат достапни на нашите граѓани. На овој начин, докажуваме дека Везе Шари е компанија која нуди квалитет и работи согласно европските стандарди затоа што сме ексклузивни увозници на производите на овој бренд“, вели Беким Иљази, маркетинг менаџер во компанијата.
Comments are closed.