СКСЗМ за царинскиот терминал на Јажинце за поголем извоз во Косово – Независен весник

Растот на извозот од Македонија во Косово од 41 отсто во декември е добра вест за Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија. Но компаниите членки сметаат дека државата може да направи повеќе за сегашниот тренд да биде константен.

Извршниот директор на СКСЗМ г. Дрилон Исени рече: „Во економската платформа на Комората, секогаш нагласуваме дека Косово е еден од најважните трговски партнери на Македонија, посебно во делот на извозот, со кого имаме позитивен биланс. Сметаме дека државата треба да се насочи кон завршување на инфраструктурните проекти, и тоа не само на автопатот Скопје-Блаце туку и на царинскиот терминал кај Јажинце, кој би го олеснил протокот на стоки кон Косово и обратно“.

За повеќе прочитајте на долунаведениот линк: https://nezavisen.mk/mk/vesti/2019/01/120112/?fbclid=IwAR0i5338Dxzo2K8N93IZodAlsTKwy7bn6AhAZcKrSScjIakxqsS1DTmRbpY