Халал стандардите
Албанските компании во Македонија се многу малку или речиси воопшто не се заинтересирани за воспоставување Халал систем во своето производство, што ќе им отвори можности за големите европски пазари. Овој стандард на храна во согласност со исламските критериумите, е се повеќе побаруван во западните земји, а во моментов овој стандард на пазарот вреди 721.000.000.000 долари и со население од околу 1,7 милијарди муслимани.
Имплементацијата на овој систем во Македонија се соочува со повеќе тешкотии. Една од пречките во овој поглед, покрај инвестирање во поставување на нови стандарди на Халал, е и дека неговата имплементација не е подржана од страна на владата. Во меѓувреме, воспоставувањето на системот зависи од комплексноста на капацитетот за производство, нивниот развој и видот на производот, затоа што не се спроведуваат подеднакво стандардите во производство на месо, козметика или во производство на лекови.
Инаку, Халал принципите можат да се применат во различни индустрии, почнувајќи од храна, лекови, козметика, логистика, угостителство, туризам и други активности.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија вели дека тие се ангажирани во разни активности и повеќе албански компании почнуваат да ги спроведуваат Халал стандардите, но исто така, нагласи причини зошто неговото спроведување заостанува.
“Постојат неколку причини зошто Халал стандардите заостануваат. Една од нив е дека релативно мал број фирми се информирани за ова, како и институцијата која има преземено сертификација. ИЗМ во соработка со Агенцијата од Тузла не се доволно ангажирани во врска со ова прашање. Третиот е дека компаниите треба да инвестираат дополнителни пари за да се исполнат овие стандарди и имаат проблем за обезбедување на алатки, бидејќи не постои институционална поддршка за такво нешто. Како ISO стандардите и ХАСАП, и Халал исто така, не е влезен во владината програма и истиот не е субвенциониран”, рече Извршниот директор на СКСЗМ Фатмир Битиќи.
Во однос на запознавање на Халал системот од страна на фирмите, СКСЗМ од 26 до 29 јули ќе учествува во Халал форумот, кој ќе се одржи во Сараево. “Се надеваме дека ќе се интензивира работата во септември за да се изгради капацитет на компаниите, со различни за обуки, вклучувајќи и Халал стандарди”, рече Битиќи.
Компаниите кои веќе ги спроведуваат овие стандард во своето работење, изразија задоволство од зголемениот обем на работа. “Задоволни сме со спроведувањето на Халал стандардот кој има позитивно влијание на пазарот во Македонија и Косово, каде што Македонија извозува”, вели Муса Абази од месната индустрија “Ука” од Скопје, која во април минатата година го освои овој стандард. “Имплементација на овој стандард чини од 3000-5000 евра, но постојат и случаи каде фирмите не ги исполнуваат условите за такво нешто”, изјави Абази.
Агенцијата за Халал сертификацијата од Босна и Херцеговина, велат дека најголем развој во регионот овој стандард има во прехранбената индустрија, со повеќе од 73 компании, каде што мнозинството се од Хрватска и Босна и Херцеговина, и препорачаа соработка со регионалните компании со цел за влегување во надворешниот пазар.
Халал стандардите не дозволуваат содржина на некои елементи кои се забранети за муслиманите. Според шеријатските норми, меѓу другото, е одредено она што може да се конзумира за храна и пијалоци, и со прехранбените продукти со ознаката “Халал”, се гарантира дека содржината нема забранети супстанци за муслиманите, свинско месо и алкохол.
Comments are closed.